Агроплод АД Ресен - Акционерско друштво за преработка промет и услуги АД Ресен | ул. 29 Ноември бр. 6 Ресен

За нас

Има многу симболика во историскиот развој на Агроплод:се роди во Преспа,во царството на јаболката,во првата претстолнина на македонските словени.Почна скромно само со осуммина работници,без никакви материјални средства,но со ентузијазам и силна желба за творечки растеж.Почна како мало минијатурно претпријатие,а израсна во своевиден гигант кој смело чекори кон врвот во прехрамбената индустрија.

Брзиот подем и растеж на Агроплод не беше случаен.Се создаваше и градеше врз пазарните и општите услови,со труд,со постојана битка за продуктивност,за техничко-технолошки процут,за максимално искористување на производствените капацитети и за содавање на такви економски односи внатре во колективот,во кој работниот човек,непосредниот производител ќе може непречено да ги остварува и чувствува плодовите од својата работа.

Резултатите од ваквата смела и благородна политика не изостанаа.Овде во срцето на Преспа за рекордно кусо време се создаде моќна прехрамбена индустрија со висок технолошки ниво , на која денес може да и позавидат многу.
Агроплод денес претставува пример во македонското стопанство,а неговото име е далеку признато и ценето.