Агроплод АД Ресен - Акционерско друштво за преработка промет и услуги АД Ресен | ул. 29 Ноември бр. 6 Ресен

Земјоделие

КАПАЦИТЕТИ И ПОСТОЕЧКА ПРОИЗВОДНА СТРУКТУРА


Агроплод АД обработува насади под јаболка во површина од 64,826 хектари со засадени 73.220 јаболкови стебла на ММ 106 и М 9 подлога.

  • Старосната структура на насадите по садници е следната
  • 25.500 садници се 14 годишни
  • 13.900 садници се 18 годишни
  • 18.250 садници се 30 годишни се предлог за обновување во завршна фаза.
  • 15.570 садници се 4 годишни
  • Структурата по сорти е следна
  • 60 % се од сорта Ајдаред
  • 15 % се од сорта Златен Делишес
  • 10 % се од сорта Јонаголд
  • 15 % се муцу и
  • други сорти ( редчиф, редкан, гала и др.)



Информации за дејност земјоделие
За интензивирање на продажбата на конзумно јаболко во соработка со ЗЗРЕСГРУП , друштвото АГРИТЕРА и со подршка на Општина Ресен, во капацитетите на Агроплод АД Ресен формиран е откупен центар за конзумни јаболки. Овој центар ќе придонесе за овозможување и настап и на други пазари за продажба на конзумно јаболко.


Во 2014 година е склучен договор за деловна соработка со комерцијални услови со РУМКО за враќање на инвестицијата од околу 1,500.000 евра, за подигање на нови современи интензивни овошни насади со јаболки околу 20 ха, костен 10 ха, нектарина околу 10 ха и цреша околу 10 ха, и очекувано е зголемување на производството во наредните 3-4 години до околу 2000 тони јаболки како и други култури со што ќе се придонесе за рентабилност на ОЕ Земјоделие во иднина.

embed video plugin powered by Union Development